Поклоничко патување на верниците од Секирник за Охрид

Поклоничко патување на верниците од Секирник за Охрид

На 5 oктомври 2018 година група верници од Секирник заедно со парохот отец Ѓорги Динов се упатија на поклоненичко патување за Охрид преку Битола. Во Битола ја посетија црквата „Пресвето Срце Исусово“, каде срдечно ги прими и поздрави парохот од Битола, дон Паво Шекерија, а потао заедничи се помолија. Потоа поколиниците беа примени о од сестрите Усмиленки, каде што се запознаа со монашкиот живот на сестрите и сите заедно во нивната капела го поздравија Исуса со пригодна духовна песна.

Во Пасторалниот центар во Охрид беа пречекани од отец Оливер Тантушев, каде присуствуваа на света Литургија.

Во наредните два дена имаше програма, каде што отец Ѓорги зборуваше за важноста секојдневно да се расте во верата. Тој посебно истакна две важни работи, на кои Исус на посебен начин повикал. Едната од која треба да се пазиме и секојдневно да се откажуваме е лицемерието, кое му ја затвора вратата на човекот за да влезе во рајот. А втората љубовта, која му ја отвора вратата за да влезе во рајот.

Во склоп на програмата беа посетени историско културните знаменитости и цркви во Охрид.

Во неделата на светата Литругија сите заедно го славеа Бога и му благодареа за поминатите убави заеднички моменти.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот