Поклонение на „Missio ad Gentes“ од Куманово во Летница

Заедницата „Missio ad Gentes“ од Куманово, предводена од својот свештеник дон Томаш Бак, во придружба на скопскиот парох дон Давор Топиќ и капеланот дон Јошт Мезег, а со водство на сестра Анџелина Јаковиќ го посетија во сабота на 4 јуни 2016 година светилиштето на Мајка Божја во Летница (Косово). Целта на поклонение беше целата заедница да оди во едно Маријанско светилиште во месец мај кој е посветен на Богородица. Но прилика за нив 61 се појави на празникот Безгрешно Срце Мариино.

Поклониците во Летница ги пречека парохот дон Криста и неколку жители на местото, кои изразија добредојде и ги запознаа со историјата на местото, светилиштето и поврзаността на Скопската Бискупија и Летница. Домаќините биле воодушевени од посетата, песните и живоста на присутните особено на децата од Куманово. Местото е доста раселено, малку католици останале во Летница и секоја ваква посета им носи радост, а тоа се гледаше на нивните лица.

При самото пристигнување поклониците во црквата славеа сва Евхаристија. Време за одмор имаше на ручек, со гостољубивите домаќини во соседното село Стубла. Попладнето беше момент за игра на децата во зелената природа на светилиштето. Потоа следуваше молитвата Света Бројаница и проекцијата на филмот за света Катарина Лабуре и чудотворната медалја, која присутните ја добија и се посветија на Безгрешното Срце Мариино. На повик на домашниот парох до децата: „кој чувствува духовен повик?“, како што на тоа место го чувствувала блажена Мајка Тереза, се видоа десетина детски раце во воздух, како одговор на духовниот повик. Со домаќините се разделивме со прегратка и повик за нова средба во Летница.

„Missio ad Gentes“ во Куманово преку неделите во месец април одржуваше „Мисии по плоштадите“, каде даваа сведоштва за верата на собраните поминувачи на главниот градски плоштад, а потоа некои луѓе се придружиле и на литургиските средби во капелата.

к.м/м.с.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот