ПОКЛОНЕНИЕ ВО ПАЉУРЦИ

На празникот Раѓање на Пресвета Богородица повеќе од 20 верници од парохијата присуствуваа на молебенот кој се одржа во Паљурци, предводен од Н.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и апостолски егзарх во Македонија. При тоа Н.П. монс. д-р Киро Стојанов во својата проповед истакна за важноста на месноста Паљурци за католиците во Македонија

Присуството на големиот број верници од сите краеви на Македонија и од сите парохии и филијални цркви, зборува за поврзаноста на верниците со Паљурци. Мноштвото верници присутни оваа година во Паљурци го трасира патот Паљурци повторно да стане важен духовен центар во Македонија

Паљурци е поранешно населено место и духовен центар на Католичката црква во Македонија. Епископот Шанов во 1908 година во Паљурци го посветува македонскиот народ на Пресвета Богородица Утешителка. Темелите на манастирската црква на сестрите Евхаристинки, како и некои други рушевини говорат за некогашниот живот во Паљурци. Во овој духовен центар бил развиен богат духовен живот. Во него сестрите Евхаристинки изградиле свој манастир, селска црква, сиротопиталиште, училишта…. Не случајно Католичката црква го купува токму овој имот, бидејќи според преданието во Паљурци престојувал и свети апостол Павле, од каде што и месноста го добива своето име.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<