Поздравен говор на бискупот Стојанов на почетокот на светата Евхаристија за света Мајка Тереза на плоштадот Македонија во Скопје

Ваша Еминенцијo, господнине кардинале, отци надбискупи, бискупи, браќа свештеници, чесни сестри, почитувани претставници на Црквите и верските заедници, господине Претседател на Република Македонија и Покровител на оваа несекојдневна Татковинска прослава, почитуван Претседател на Собранието на Република Македонија, Претседател на Владата на на Република Македонија, почитувани парламентарци, министри, почитувана Директорке на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, почитувани членови на почесниот одбор, претставници на институциите и организациите на Република Македонија, Ваши екселенции, драги гледачи пред екраните на Македонската телевизија и драги слушатели на Mакедонското радио и на Радио Марија Македонија, дозволете ми меѓу нас да ја поздравам и наследничката на света Мајка Тереза, денес врховната настојателка на Сестрите Мисионерки на Љубовта, почитуваната сестра Марија Према, нејзините сестри Мисионерки на Љубовта од Скопје и сите сестри Мисионерки на љубовта кои денес присуствуваат на оваа свеченост. Го поздравувам и постулаторот на каузата за прогласување за светица Патер Брајан Колодејчук.

Драг Божји народе,

Колку се прекрасни чекорите на Божјите миленици кои го навестуваат Евангелието! Колку е убаво денес да се биде на ова место на кое на 26 август 1910 година изникна еден цвет во нивата на Божјата црква! Осумнаесет години таа беше наша сограѓанка, а подоцна почесна граѓанка на својот роден град. Во овој град таа прими воспитување од своите родители и од Црквата, всушност ги прими темелите на својата вера и повикот за мисии. Цвет, кој израсна во огромно стебло и чии што плодови денес радосно ги славиме. Дадена ми е милоста денес да ви се обратам до вас, кои се собравте овде заедно да ѝ изразиме почит на онаа која Црквата пред една седмица ја воздигна на олтарот како светица во Католичката црква. Сè уште ми одекнуваат зборовите на прогласувањето за светица и сè уште пред очите го гледам ликот што ја разубавуваше фасадата на базиликата Свети Петар. Но, денес уште повеќе чувствувам како над нас од небесната слава надвиснува нејзиниот благ поглед исполнет со љубов и со благодарност со кои таа го слави Бога во хорот на светците, со љубов и благодарност и за своето родно Скопје.

Радосен сум и благодарен што ја имам таа привилегија за света да биде прогласена личност која чекорела низ улиците на овој нејзин и наш град Скопје и чии стапки од денес сакаме да ги следиме и ние и тоа во поголема вера и во поголема посветеност во служењето на секој човек, а најмногу на оние, кои меѓу оние кои се во потреба, имаат најголема потреба од тоа. Од Неговата Еминенција што ја предводи оваа Евхаристија до секој верник и човек со добра волја што е тука или што ја следи оваа Евхаристија преку малите екрани и радиоприемници, би сакал сите да почувствуваме како над нас се надвиснала грижната рака на добрата Мајка, која не само ние, туку целиот свет едноставно ја нарекува Мајка Тереза и како што рече Светиот Отец Папа Франциск минатата недела таа и таква ќе ни остане.

Мајко, дојди во својот дом, погледни го овој народ, погледни го заедништвото на браќата и сестрите на твојот град и на сите гости и биди домаќинка на нас, малите и едноставните, онака како што знаеше целиот живот да им служиш на оние кои имаат најголема потреба, на најсиромашните.

Мајко, испружи ја твојата рака и помилувај го оној меѓу нас кому му е најпотребна твојата утеха. Тоа што најмногу те молам, помогни ни во оваа Евхаристија да го препознаеме Исус така како што ти си го препознавала, во лебот и во браќата и сестрите.

Дозволете ми сега да ги поздравам и нашите надбискупи и бискупи кои по овој повод и на овој голем настан дојдоа да ја споделат радоста со нас при оваа благодарна света Понтификална Миса предводена од Специјалниот Папски пратеник Н. Е. Винко кардинал Пулиќ, додека Покровител на оваа наша Татковинска прослава е почитуваниот наш Претседател на Државата проф. д-р Ѓорге Иванов

Меѓу нас ги поздравувам:

Mons. Giuseppe Qurighetti, секретар во Апостолската нуцијатура за Макеоднија, овде присутен во името на нашиот Нунциј Монс. Анселмо Гвидо Пекорари.

Монс. Станислав Хочевар, – белградски надбискуп и митрополит – Србија

Монс. Анџело Масафра, надбискуп скадарски, Скадар – Албанија

Монс. Зеф Гаши, барски надбискуп – Црна Гора

Монс. д-р. Јануш Пензеш,суботички бискупСрбија

Монс. д-р Фрањо Комарица, бањалучки бискуп – БиХ

Монс. д-р Томаш Галис, жилински бискуп, – Словачка

Монс. д-р Милан Шашик, мукачевски бискуп – Украина

Монс. д-р Џуро Џуџар, – бискуп апостолски егзарх – Србија

Монс. Дод Џерџи – бискуп – Апостолски администратор – Косово

Монс. Отавио Витале, бискуп леша, Леш – Албанија

Отец д-р Брајан Колодејчукпостулатор

Mons. д-р Remigio Bellizio – Diretttore Amministrativo, Pontificia Università Urbaniana –Ватикан

Монс. Јосип Миоќ, Ректор и Директор на Диецезанската класична гимназија Паулинум – Суботица – Србија

Монс. Иван Чуриќ, генерален викар на џаковачко осиечка надбискупија во името на својот надбискуп д-р Џуро Храниќ – Џаково -Хрватска

Монс. д-р Петар Палиќ, генерален викар на дубровачка надбискупија во името на својот бискуп монс. Мате Узиниќ – Дубровник – Хрватска

Монс. Гашпар Додиќ, Задар – Хрватска

Отец Павле Novak, CM – Провинцијал – Словенија

Отец Јан Кушнерзаменик провинцијал – Словачка

Отец Антун Воленик,ДИ, – Загреб – Хрватска

Ги поздравувам деканите на Отец д-р Зоран Стојанов и Дон Давор Топиќ, кои од светиот Отец Папа се именувани за придружници на Неговата Еминенција.

Ги поздравувам браќата свештеници од странство, Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија

Ги поздравувам сестрите Евхаристинки на чело со својата Провинцијалка; сестрите Служебници на чело со својата Провинцијалка; Сестрите Усмиленки во името на својата Провинцијалка;

Ги поздравувам нашите гости од Словачка и останатите земји како и сите Вас почитувани браќа и сестри на оваа Понтификална св. Литургија.

Категорија: Македонија

За авторот