Пожарот кај Паљурци ја зафати и црковната парцела

Пожарот кај Паљурци ја зафати и црковната парцела

Пожарот кој деновиве се прошири кон браната Паљурци, кој во меѓувреме е изгаснат, го зафати и местото каде што во блиска иднина ќе се гради храм посветен на „Свети Апостол Павле“, на другата страна од патот на браната Паљурци.

Според изјавата за Католици.мк на отец Зоран И. Стојанов, Ректор на Светилиштата „Марија Утешителка – Паљурска“ и „Свети Павле“ во Паљурци од пожарот е зафатена црковната парцела, каде треба да се гради црквата „Свети Павле“ во Паљурци, при што изгорени се деградирана шума-прнар, како и боровите дрвја во горниот дел на парцелата.

За среќа пожарот не се прошири во делот каде што е црквата „Пресвета Богородица Утешителка – Паљурска“.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот