Поддршка за враќање на христијаните во Ирак

Поддршка за враќање на христијаните во Ирак

„Иницијатива вредна за пофалба и апсолутно неопходна, која ја поддржувам и препорачувам да биде поддржана не само од страна на христијаните, туку и од сите луѓе со добра волја”. Ова го пишува државниот секретар на Ватикан, кардинал Пиетро Паролин, во писмо до раководителите на Папската фондацијата „Помош за Црквата во неволја”, која го помага проектот за обнова на Долината Ниневија, за да се помогне во враќањето на христијаните, кои беа протерани во последните години од самопрогласената Исламска држава.

Во текстот кој го објави Папската фондација, Ватиканскиот државен секретар потсетува дека „Светиот Отец, кој внимателно ја следи ситуацијата на Блискиот Исток, исто така ја изразува својата благодарност и охрабрување за оваа благородна и тешка иницијатива”

За таканаречениот „Маршалов план” за христијаните на фондацијата „Помош за Црквата во неволја” потсети и Халдејскиот патријарх на Вавилонија, Луис Рафаел Сако, за време на средбата на папата Фрањо со патријарсите и врховните архиепископи минатата недела.

Во писмото до Папската фондација, кардинал Паролин ја потврдува посветеноста на Светиот Престол во корист на „погодените од војната”, со уверување дека „само со заеднички напори може да се овозможи нашите ирачки браќа и сестри да го најдат и да го почувствуваат оној мир за кој копнеат”.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот