Милион деца молат заедно за мир и единство

Милион деца молат заедно за мир и единство

„Девет часот наутро. Децата на големиот одмор во училиштата ги земаат своите Бројаници. Наставникот ја започнува Светата Бројаницата, а децата се приклучуваат.“ Таа е впечатлива сцена која се повторува на илјадници места во светот на 18 октомври секоја година, започнувајќи од 2005 година. Оваа иницијатива позната како „Еден милион деца молат Света Бројаница“ започна во Венецуела, инспирирана од зборовите на свети паде Пио: „Кога еден милион деца ќе молат света Бројаница, светот ќе се промени.“

Одржувањето на молитвата е предвидено за секоја година на 18 октомври. Организаторите на оваа меѓународна иницијатива истакнуваат дека е пожелно сите деца во светот да се обединат во молитвата за мир и единство во исто време – во 9 часот наутро. Доколку не може да се одржи во предвиденото време, приклучувањето на акцијата е остварливо во друг термин во текот на тој ден. Начинот и остварувањето на заедничката молитва е препуштен на слободата и кративноста на свештениците, вероучителите, децата и верниците.

Иницијативата „Милион деца молат света Бројаница“ ја покрена Меѓународното католичко дело Црквата во потребa.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот