Подготовки за Светскиот ден на млади во Португалија

Подготовки за Светскиот ден на млади во Португалија

Португалските епископи се собраа во Лисабон на 5 септември на прва средба во новата пасторална година и основаа работна група за организација на Светскиот ден на млади во Лисабон 2023 година.

Претседателот на Фондацијата Светски ден на млади во Лисабон 2023 година помошниот лисабонски епископ Америко Агуиар кој беше во Ватикан на првата Генерална аудиенција со папата Фрањо во присуство на верници, истакна дека Папата со радост и интерес ги следи подготовките за следниот Светски ден на млади. Надбискупот Агуиар додаде дека Папата напоменува да не се заборави првенствено да се даде на солидарноста. Имено подготовките за СДМ се одржуваат „дискретно“ затоа што приоритет има солидарноста.

Светскиот ден на млади во Лисабон требаше да се одржи во 2022 година како што тоа беше најавено на последната средба на млади од целиот свет во Панама 2019 година, но заради пандемијата од коронавирусот е одложено за една година како и вообичаеното свечено предавање на симболите на средбата – крстот и иконата на Блажена Дева Марија на младите на младите Португалци.

Моментално свеченоста за предавање на симболот на новите домакини е најавена за 22 ноември на празникот Христос Цар, но надбискупот Агуиар напомена дека сè зависи од здравствената ситуација затоа што во обѕир првенствено се зема здравјето на младите учесници. Надбискупот Агуиар изразува и надеж дека настаните во Лисабон ќе бидат вистински во согласност со стилот на животот, чувствата и начинот на изразување на младите за тие да бидат реални протагонисти на славењето.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот