Подготовка за Вселенскиот Собор на Православните Цркви

Подготовката на Вселенскиот Собор на Вселенската Православна Црква во 2016 година ќе биде главна тема на состанокот на Собранието на епископите од Вселенската Патријаршија, предвидено да се одржи во Истанбул од 29 август до 2 септември 2015 година, стои во соопштението на Секретаријатот на Цариградската Патријаршијата. Целта на средбата е „епископите да се запознаат едни со други, како и да се разменат информации за актуелните црковни теми, кои се на патот кон Великиот и Свет Собор”.

На 1 септември, членовите од сите хиерархиски нивоа, со единствена молитва ќе ја прослават Новата црковна година и ќе молат Божји благослов за просперитет на Црквата и за мир во целиот свет “.

Во соопштението се наведува дека состанокот „ќе обезбеди можност на Мајката-Црква да се информира за состојбата на епархиите во светот и за горливите проблеми кои ќе бидат разгледани, со цел да се изнајдат решенија”.

РВ/Вго*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот