Подготвен нацртот на новата Апостолска конституција за Римската Курија

Подготвен нацртот на новата Апостолска конституција за Римската Курија

Голем дел од 25. состанок на Кардиналскиот совет со Светиот Отец беше посветен на нацрт документот „Praedicate Evangelium”, кој ќе биде предаден на папата Фрањо за да може да го даде своето мислење и забелешки, за кои смета дека се соодветни, корисни и потребни – истакна директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Грег Бурке за време на конференцијата за новинарите по повод завршувањето на седницата на Кардиналскиот совет.

Финансиска реформа

Освен размислувањата за новата Апостолска конституција, спомнати се некои чекори во поглед на реформите во финансиската и организациската структура на Светиот Престол и Управата на градот Ватикан. Монс. Брајан Ферме, секретар во Секретаријатот за економија, ги презентира целите и основните принципи, меѓу кои е избегнување на расфрлање, промовирање на транспарентноста и гаранции за правилна примена на сметководствените принципи. Следниот состанок ќе се одржи од 10-12 септември 2018 година

Вдахновен принцип

На прес конференцијата е поделен документ за процесот на реформи на Римската Курија, кој го подготви Кардиналскиот совет. Потсетува на вдахновенијата за продложување на работите, она што папата Фрањо го искажа во Апостолскиот поттик „Evangelii gaudium“: Сонувам за мисионерска одлука способна да ги преобрази работите – како би биле соодветен канал за евангелизација на денешниот свет.

Мерила на реформите

Текот на реформите се одбележани со три важни мерила: прво е традицијата, односно верноста на историјата, во континуитет со минатото. Второ мерило е денешницата, односно процесот според кој се вдахнува делувањето на дикастеријата за комуникација, Советите и Секретаријатот за економија. Трето мерило е координацијата, која е пропратена со постапки за поедноставување. Во рамки на тоа – се потсетува во документот – неодамна се споени некои диакстерии.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот