Погребена с. Лујза Стојчева, сестра Евхаристинка

Погребена с. Лујза Стојчева, сестра Евхаристинка

На Католичките гробишта во Струмица, во понеделникот на 20 јануари 2020 година е погребена с. Марија Лујза Стојчева, сестра евхаристинка која почина на 18 јануари, на 70 години од животот и 55 години монаштво.

Опелото со светата Литургија која започна точно напладне, во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица, во присуство на голем број верници го предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх во сослужение на свештеници од Струмичко-скопската епархија и Скопската бискупија. Од сестра Лујза во Католичката катедрала се простија голем број верници и граѓани од Струмица и околината.

Во проповедта која ја одржа за време на светата Литургија, епископот Стојанов, зборуваше за нејзиниот живот, за нејзината пожртвувана работа, го спомна нејзниот пат до монаштвото, како и нејзиното делување како монахиња на сестрите Евхаристинки. Меѓу другото тој истакна: „Драги браќа и сестри, сакаме да ја искажеме својата љубов и да молиме Бог да биде милостив за душата на нашата сосестра. Исто така сакаме да благодариме на Бога за неа, бидејќи таа беше дар на ова месна Црква, како што е и секое духовно звање дар на Црквата. Сакаме да кажеме на добриот Бог фала за сите милости дадени преку неа како Евхаристинка од Господа Бога и за утврдување во верата на многумина. Исто така сакам да ја искажам благодарноста до браќата свештеници и сите луѓе кои ја прифатија и соработуваа со неа и кои ѝ овозможија таа да дејствува и сведочи како сестра Евхаристинка.

По опелото и светата Литургија, погребната поворка се упати на Католичките гробишта во Струмица, каде беше погребена с. Лујза Стојчева

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот