Погребан убиениот свештеник Жак Хамел

Катедралата во Руен беше преполна со луѓе додека еден дел од нив остана пред црквата и го следеше обредот преку голем екран.

Повеќе од 2000 луѓе се собраа на 2 август 2016 година во Руен на погребот на о. Жак Хамел свештеникот од Франција кој минатата недела исламистичките екстремисти го убија на олтарот додека ја служеше светата Литургија.

Катедралата во Руен беше преполна со луѓе додека еден дел од нив остана пред црквата и го следеше обредот преку голем екран. Погребот се одржа со строги мерки на безбедност.

Обредот го предводеше надбискупот на Руен Доминик Лебрун, а беа присутни и други француски епископи.

Лебрун раскажа како свештеникот Хамел откако му бил забиен ножот во грлото го одбил од себе со ногата еден од напаѓачите и кажал: „Отстапи од мене сатано.“

„Жак беше верен Исусов ученик. Каде и да одеше правеше добро“, рече пред собраните верници надбискупот.

На погребот присуствуваа и претставници на исламската и еврејската заедница.

Битно.нет/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот