Поглаварите и претставниците на црквите и верските заедници во РМ од Струмица истакнаа дека мирот е најдрагоценото и најнеопходното за секого и насекаде

Поглаварите и претставниците на црквите и верските заедници во Република Македонија, по повод нивната средба во Струмица на 11 декември 2014 година испратија соопштение до јавноста, кое католици.мк го пренесува во целост.

****************************

Соопштение за јавноста

Поглаварите и претставниците на црквите и верските заедници во Република Македонија, денес 11 декември 2014 година, одржаа заедничка тековна средба во Струмица. И овојпат беше истакната потребата за подобрување на меѓусебните односи и соработка. Исто така, беа разгледани повеќе прашања и теми со кои секојдневно се соочуваат припадниците на црквите и верските заедници.

Поради многуте војни и насилства во светот, како и некои несакани случувања во нашата земја, се заклучи дека мирот е најдрагоценото и најнеопходното за секого и насекаде.

-Мир за Бога значи секој човек да има мир со Него и со луѓето околу себе – да биде миротворец на дело!

Учесниците на средбата упатија апел до севкупната јавност дека сме должни сите заедно да го чуваме и одржуваме мирот, да ги почитуваме религиозните и етничките посебности – молејќи Божји благослов и помош за тоа.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот