Повторно света Литургија со народ во базиликата “Светиот Гроб“

Повторно света Литургија со народ во базиликата “Светиот Гроб“

По неколку месеци повторно за верниците е отворена базиликата Светиот Гроб во Ерусалим. Фра Франческо Патон кустос во Светата земја во разговор за Радио Ватикан истакнува дека полека се обидуваат да се вратат во нормала и не дозволува стравот да ги парализира.

Заради вонредната ситуација предизвикана од пандемијата во Светата Земја нема поклоници. На посебен начин се чувствува отсуството на верниците од САД, Шпанија, Италија и Полска, земји од каде обично доаѓаат најголем број групи поклоници за да ги посетат светите места од Исусовиот живот. Сепак локалните верници во неделата после два месеци повторно можеа да го пречекорат прагот на базиликата Светиот гроб во Ерусалим за во да ја слават светата Литургија по повод празникот Вознесение Христово.

Бројот на лица кои можат да присуствуваат на литургиските славења е ограничен на 50, со обврска за употреба на маска, континуирана проверка на сигурната оддалеченост и останатите мерки, кои меѓутоа не беа пречка многу верници конечно да се вратат во заедницата и после долго време повторно да примат Причест. Отец Франческо Патон кустос во Светата Земја во разговор за Радио Ватикан истакна дека и зад затворените врати на базиликата литургиските славења и понатаму се одржуваат благодарение на фрањевците и другите монаси кои живеат во тој комплекс. Истакна исто така дека некои светилишта на пример Гетсеманија и Назарет цело време останаа отворени.

Отец Патон освен тоа рече дека мора да чекаат до крајот на летото за повторно да можат да примат поклоници од некои земји, додека верниците од земјите кои најмногу се погодени од пандемијата како САД, Италија и Шпанија ќе можат да ги примат дури на почетокот на следната година. Мора да очекуваме дека еден ден ќе се вратиме во нормала – рече фра Франческо Патон. Состојбата сигурно ќе биде нормална кога ќе имаме ефикасна терапија, но до тогаш не смееме да живееме оптеретени од стравот од заразата, затоа што тоа би значело дека повеќе не живееме вистински човечки односи. Се осудувам да кажам дека стравот мора да се намали.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот