Повторно откажани Генералните аудиенции со присуство на народ

Повторно откажани Генералните аудиенции со присуство на народ

Генералните аудиенции на папата Фрањо во среда со присуство на народ повторно се откажуваат, соопшти на 29 октомври 2020 година Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Поради влошување на ситуацијата со пандемијата на коронавирусот и затоа што еден од учесниците на средбата од 21 октомври е тестиран позитивен на коронавирус, сака да се избегне секоја опасност за поклониците – се истакнува во соопштението.

Така од следната среда Папата на верниците повторно ќе им се обраќа само преку директен видео пренос од библиотеката на Апостолската палата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот