Побожноста на Папата кон Богородица

Ангелот и дава на Марија врвка полна со јазли, поминувајќи преку рацете на Марија јазлите се одврзуват и друг ангел ги собира јазлите. Тоа е сликата на Марија со јазлите, мастило на платното, насликана околу 1700, а се наоѓа во црквата Свети Петар во Перлах во Германија. Кардиналот Хорхе Марио Бергољио, денес папата Фрањо, многу ја почитува таа Маријанска икона, тоа го посведочи отец Александро Русо зборувајќи за Радио Ватикан.

Светиот Отец поминал некое време во Германија, каде се загледал во една црква во Богородична икона, на која таа ги одврзува јазлите. Со себе во Буенос Аирес земал неколку разгледници, и кога на некој му пишувал во пликото ја ставал и Богородичната икона. Една аргентинска сликарка направи копија од таа Богородична икона за капелата на Исусуовскиот универзитет во Буенос Аирес.

Некои лица пак од парохијата Агрономија во Буенос Аирес му предложиле на парохот да се направи голема икона и да се постави во парохијата. Народот ја забележал иконата и почнал да ја почитува, побожноста толку многу се проширила, така што 20 – 30 илјади луѓе доаѓале на поклонение во црквата на крајот на неделата и секој осми во месецот. Со тек на време побожноста кон оваа икона се распространила, така таа денес е една од поважните побожности во Аргентина.

Иако кардинал Бергољио не ја ставил иконата во парохијата, но може со гаранција да се тврди дека тој е зачетникот на побожноста и почитувањето на Богородичната икона, бидејќи во секое писмо ја ставал иконата на Богородицаа, а често пати и на свети Јосиф – раскажува парохот Русо, додавајќи дека авторот на иконата е непознат.

Но, едно е сигурно, а тоа е народната побожност кон иконата, која зрачи со мир;  во сите неволји, лица со различни семејни, работни и здравствени проблеми доаѓат да се молат пред иконата. Секогаш поттикнував на молитва кон Пресветата Девица, која го одврзува последниот јазол, како што небесната врата ги одврзува јазолот на душата во чистилиштето – рече отец Русо.

Зборувајќи за влијанието на иконата врз верниците, рече дека од иконата се чувствува чудесен мир, бидејќи Богородица гледајќи во човекот пред себе, ја зема замрсената врвка и ја одврзува, разврзувајќи ги сплетките на животот. Затоа не е зачудувачки што светиот Отец веднаш после изборот отиде во римската базилика Света Марија Велика и молеше пред Богородичната икона „Здравје за римскиот народ“.

Додека беше уште архиепископ во Буенос Аирес Папата неизмерно ја почитувал Пресветата Девица, кон Марија негувал синовска побожност – рече отец Русо, додавајќи дека како архиепископ секоја година одел на поклоничко патување во Богородичното светилиште во Лухано и цела ноќ исповедувал поклоници, кои доаѓале во светилиштето. Секоја година на празникот на Евхаристијата во процесија се носела Богородичната икона, а Папата на колена го доверувал градот на мајчинската заштита на Дева Марија.

Значи Папата придонесел за славењето на Богородица на јазлите. Секогаш одговарал на секое писмо и секогаш во писмото ставал икона од Богородица, која ги одврзува јазлите. Со таа икона на сите им го честитал Божик, Велигден, именденот и роденденот. А сликата на сите ја поклонувал и на денот на својата хиротонија – рече отец Русо.

Категорија: духовнитекстови

За авторот

Write a Comment

<