Планинарски Крстен Пат во Куманово

Свежо утро, природа која се буди по зимата, рид над Куманово од кој се пружа поглед на убавиот пејсаж. Тоа беше местото на една особена средба. На Велики Петок 25 март 2016 годинаверниците ја имаа побожноста на Крстниот Пат.

Карактеристично беше тоа што имаше многу деца, а најмалото беше бебе од два месеци. Крстниот пат го предводеше дон Томаш Бак, нов свештеник по потекло од Полска кој е на служба во Куманово. Со молитви и Псалми, многу живо им ги приближи духовниите поттици за Крстниот Пат на собраните верници. Ова беше можност за размислување, покајание и благодарност кон Господ за Неговото дело.

Подготовката за оваа Страстна седмица во Куманово почна на Цветници, продолжи со покајничка богослужба каде што со исповед се подготвија тројца нови првопричесници. Првата причест ќе ја примат на Пасхалното бдение, кога ќе биде и крштевањето на новороденчето, осмо дете во едно од присутните семејства.

На Велики Четврток се прослави востановувањето на Светата евхаристија во обредот на миење нозе беше даден примерот на служење и понизност. На обредите на Велики Петок му се поклонуваме на славниот крст на нашиот Господ и во тишината на ВеликаС, во пост и литургиско бдение ќе се исчекува велигденското утро, вечната победа на животот над смртта.

к.мк/м.с.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот