Папата Фрањо упати писмо до учесниците на „13. Школата за млади лидери“

Папата Фрањо упати писмо до учесниците на „13. Школата за млади лидери“

Светиот Отец папата Фрањо упати писмо до поранешниот претседател Иванов по повод отворањето на Школата за млади лидери.

На 16 септември 2022 година во хотел Хилтон во Скопје е отворена „13. Школа за млади лидери“ на тема: „Морално лидрество“, која ќе трае од 16 до 30 септември. Школата е во организација на поранешениот претседател на Македонија г-дин Ѓорге Иванов. По тој повод на пристутните им се обрати Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов, кој после неговото обраќање го прочита писмото на папата Фрањо упатено до поранешниот претседател на Македонија г-дин Ѓорге Иванов.

За време на свеченоста поранешниот претседател Иванов на папата Фрањо му додели Признание за највисок морален авторитет на светот, кое го прими бискупот Стојанов.

к.мк

Писмо на папата Фрањо до Неговата Екселенција Ѓорге Иванов по повод отворањето на 13. Школата за млади лидери

Обраќање на бискупот Киро Стојанов при отварањето на 13-та Школа за Млади лидери

Категорија: Вести, Македонија

За авторот