Писмо до Исус: Нека овој Божиќен пост биде подлабок од порано

Писмо до Исус: Нека овој Божиќен пост биде подлабок од порано

Кога за овој Божиќен пост би му напишале писмо на Исус, што би му кажале? Кога токму онака искрено и отворено би Му ги признале своите слабости, можеби Божиќниот пост би бил подобар.

Драг Господи знаеш дека често ме нема пред Тебе, онака како што тоа би требало да биде во молитва и со времето кое би можела да Ти го подарам… Наместо одвоено време за Тебе, честопати избирам празни работи, избирам некое време за лажно опуштање и забава која само изморува. При тоа се уверувам себе си дека Ти си ми испланирал обврски и дека и Ти сакаш тоа да го правам. Исто така тврдоглаво се потпирам на своите сили, мислејќи повторно дека Ти си ми дал сила за да ја користам и така да Ти служам на Тебе. Премногу се вртам околу себе и ми недостасува искрено посветување на Тебе.

Ти си пред сѐ

Никако да прифатам дека Ти си пред сѐ, дека Твојата љубов е таа која дава и дава неизмерно и во изобилство пред сѐ за другиот – само чистата, вистинската и вечната Љубов. Помогни ми Господи да откријам колку со целото свое битие копнеам за Тебе и дека Ти си моето единствено и вистинско исполнување.

Драг Господи не давај овој Божиќен пост или време на радосно исчекување да го поминам во барањето на празнични „задоволства“ и „празничните попусти“ по продавниците… Не давај Господи празните филмови и песни кои немаат врска со Твоето раѓање да ми го украдат духот и таинството на Твоето доаѓање меѓу нас, посебно откривање на Твоето повторно доаѓање во мојот живот кое ми е многу потребно! Поведи ме Господи во длабочината на средбата со Тебе.

Помогни ми Исусе

Помогни ми драг Исусе да Ти ги предадам своите желби, сите мои лутања и да го прифатам она најдоброто од животот, односно самиот Живот кој ти милостиво и милосрдно ми го даваш. Нека овој Божиќен пост биде навистина исчекување на Тебе, подготовка за мојата повторна средба со Тебе, откривање дека Ти си мојот живот, уште поубав и подлабок отколку до сега.

Жена Врсна/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот