Пет потребни карактеристики за вашето семејство

Пет потребни карактеристики за вашето семејство

Жената е духовното срце на своето семејство и дом. Дознајте кои 5 карактеристики ви се потребни за да бидете духовен столб на своето семејство.

Честопати забележувам дека многу мажи и жени, свештеници и монаси укажуваат дека токму верата на нивните мајки била сидро на нивниот личен духовен пат. Истото се однесува и на мене и на мојата мајка и нејзината непоколеблива вера. Силно посакувам и јас самата да бидам таква поддршка на моите деца. Кај мојата мајка, и кај многу други прекрасни духовни срца, согледав некои убави, женски карактеристики на духовно водство:

Често избираат жртва

Силните духовни срца, честопати, бараат можност да се даруваат за другите, да ги убијат своите желби, склоности или она што го сакаат за доброто на другите, особено за сопругот и децата. Тие ја усовршуваат вештината на самодарување, давајќи сè од себе за оние што ги сакаат, почнувајќи од своето тело до времето, талентот и енергијата.

Згора на тоа, тоа ги прави радосни.

Тивка доверба

Со време и преку молитва, силните духовни срца го пробиваат патот до непоколеблива доверба во Бога и Неговата волја за својот живот и животот на нивните семејства. Тие ги предаваат своите деца на Бога, сфаќајќи дека се тие пред сè негови деца (прочитајте ја како пример приказната за Ана во Првата Книга на Царства). Тие се даваат во прегратката на Божјата милост, верувајќи дека Тој ќе се погрижи за нив и за нивните семејства.

Тие се потпираат на милоста

Силните духовни срца се потпираат на Божјата милост како темел за вршење на огромните мајчински задачи. Божјата милост го движи нивниот ден. Таа ги движи низ домашните обврски  и напорите да придонесат за нивните семејства на емоционално, физичко и духовно ниво. Таа ги утешува кога се чувствуваат исцрпени и истрошени. Тие ја забележуваат Неговата милост во нивниот семеен живот и не може да го замислат живот без неа.

Невидена сила

Користејќи ги посебните дарови, таленти, искуство и енергија, кои Бог им ги дал, духовните срца стануваат бастиони на физичка, емоционална и духовна сила. Тие му служат и го сакаат Господ и нивното семејство “со сета своја сила” (Повторени закони 6: 5).

Силата на мајката и жената често останува незабележена, но нејзиното присуство во семејството се чувствува и е потребно.

Пријателство со Марија

Силните духовни срца совети за водство, пред сè, земаат од Благословена Дева Марија, безгрешен пример за духовното водство на срцата. Гледајќи ја Пресвета Богородица како најпримерна жена и мајка, која некогаш одела на земјата, тие се потпираат на нејзиното посредување и негуваат интимна врска со Неа, која им помага да станат повеќе налик на неа. Тие се молат својата наметка на љубов и заштита да ја наметнат врз секој член на семејството.

Дали ги имате овие пет карактеристики? На кои сè уште треба да работите за да станете вистинско духовно срце на вашето семејство?

Жена врсна/к.мк/Превод: Кате Меновска

Категорија: Вера, Семејство

За авторот