Петти ден: И милоста Негова е од колено на колено за оние што се бојат од Него

Петти ден: И милоста Негова е од колено на колено за оние што се бојат од Него

Почитуван читателу,

Денес биди Добриот Самарјанин за тие кои се околу тебе, а се наоѓаат во потреба. „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!“ (Матеј 5, 7)

Молитва до Светиот Дух

Дојди Душе Свети и просветли го моето срце, за да можам да ја спознавам Божјата волја во секој момент од мојот живот. Придружувај ме на тоа мое духовно патување и помогни ми како на с. Еврозија Алоати, поблиску да Те запознаам. Амин.

Размислување

И милоста Негова е од колено на колено за оние, што се бојат од Него. Божјата милост која оди од род во род за оние кои му се бојат не е само широка како морето и безмерна како вселената, но уште е и бескрајна како Бог. Таа се простира до последниот од човечките родови зашто на секаде има Божји чеда, кои се бојат од него. Душо моја ако уште не си во бројот на тие што го љубат Бога, кои живеат само од неговата љубов, биди барем среде тие кои се бојат од него и кои живеат со светиот страв Божји.

Прашања:

Во мојот живот дали има место за милосрдието? Како се однесувам кон сиромашните, болните, напуштените, отфрлените, кон мојот ближен, кој е до мене?

Подготви: с. Евхаристинки/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот