Петралинци: „24 часа во заедништво со Пресвета Богородица“

Петралинци: „24 часа во заедништво со Пресвета Богородица“

Под мотото „24 часа во заедништво со Пресвета Богородица“ семејствата од парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Петралинци, молеа света Бројаница секој ден во текот на месец октомври, предавајќи ја Бројаницата од едно на друго семејство.

Оваа молитвена иницијатива по повод октомвриската побожност заврши со света Литургија на последната недела од месец октомври посветена на Христос Цар. Во таа прилика парохот отец Горге Појразов, зборувајќи во проповедта за неделното свето Евангелие, исто така ги поттикна верниците дека не треба никогаш да се одалечуваат од Пресвета Бгородица.

Целта на оваа молитвена иницијатива беше да се поттикат членовите на семејствата заеднички да молат света Бројаница

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот