Петралинци се приклучи на Евхаристиското обожавање со папата Фрањо

Петралинци, 3.6.2013 /к.мк/ – Верниците од парохијата Свети Кирил и Методиј – Петралинци во недела 2 јуни со обожавање на Пресветата Евахристија се приклучија во молитвите со папата Фрањо и сите цркви во светот кои молеа во исто време од 17.00 до 18.00 часот.

Покрај двете накани на Светиот Отец наменети за ова Евахристиското обожавање, во црквата Свети Кирил и Методиј – Петралинци беа упатени и молитви за потребите на Црквата, парохијата и верниците.

Евхаристикото обожавање заврши во 18.00 часот со благослов со Светата Евахристија. (го*ко)

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<