Педесест години од историскиот коптско-католички договор

Педесест години од историскиот коптско-католички договор

Коптскиот православен патријарх ќе учествува на Генералната аудиенција на 10 мај. Следниот ден ќе има момент на заедничка молитва со папата Фрањо. Во недела, 14 мај, патријархот Тавадрос II. ќе служи света Литургија за верниците Копти во базиликата Свети Иван Латерански во Рим.

Патријархот Тавадрос II, папа од Александрија и поглавар на Коптската православна црква, во вторник на 9 мај доаѓа во Рим во шестдневна посета. На 10 и 11 мај – како што е наведено во објавата на Твитер на Државниот секретаријат на Ватикан – Патријархот заедно со папата Фрањо ќе ја одбележат педесетгодишнината од историската средба на нивните претходници свети Павле VI. и папата Шенуда III, што се одржа во мај 1973 година.

По тој повод патријархот Тавадрос II. ќе учествува на редовната Генерална аудиенција во среда, 10 мај. Во четврток, на 11 мај, тој приватно ќе се сретне со папата Frawo, со кого ќе има момент на заедничка молитва. Потоа следи средба во Дикастеријата за промовирање на христијанското единство. Патријархот ќе се сретне и со верниците од коптската заедница кои живеат во Рим, за кои во недела на 14 мај ќе служи света Литургија во Папската базилика Свети Иван Латерански во Рим.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот