Паљурци: Молебен во чест на Пресвета Богородица

На празникот Рождество на Пресвета Богородица, 21 септември 2014 година во Паљурци се одржа Молбен во чест на Богородица. Молебенот го предводеше деканот о. Тома Ангелов, во заедништво со свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија.

На почетокот од проповедта, о. Тома Ангелов ги пренесе поздравите на Н.В. П. монс. д-р Киро Стојанов, кој е на евхаристиско славење со папата Фрањо во Тирана. Потоа се осврна на Паљурци, неговата историја, за посветувањето на македонскиот народ на Пресвета Богородица Утешителка од страна на епископот Епифание Шанов и како Паљурци прераснува во духовен и поклонички центар на македонскиот народ.

На молебенот покрај верници од Богданци, присуствуваа и голем број поклоници од други парохии.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот