Патувањето во Казахстан Папата го довери на Богородица

Патувањето во Казахстан Папата го довери на Богородица

Папата Фрањо накратко ја посети Римската базилика Света Марија Велика со цел на Пресвета Богородица да ѝ го довери своето 38. Апостолско патување во странство, на кое ќе тргне во вторник 13 септември во утринските часови.

Светиот Отец во понеделник 12 септември 2022 година, во раните попладневни часови, ја посети базиликата и се помоли пред иконата Maria Salus Populi Romani (Спас на римскиот народ), соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Папата Фрањо во вторник наутро заминува за Казахстан, а неговото пристигнување е предвидено во 13:45 часот по средноевропско време.

Апостолското патување на Папата, кое се одржува од 13 до 15 септември, е најновиот гест на Светиот Отец за промовирање на мирот во светот со помош на други верски лидери, изјави директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни, презентирајќи ја програмата.

Првото јавно обраќање на Светиот Отец ќе биде пред претставници на граѓанското општество и дипломатскиот кор, во 15.30 часот по средноевропско време.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот