Парох отвора капела во главниот трговски дел на градот

„Одете на перифериите, барајте ги луѓето таму и навестете им го Евангелието“, зборуваше папата Фрањо. Неговите зборови еден свештеник од Англија ги протолкувал на еден навистина интересен начин и одлучил во шопинг оазата на градот да подигне духовна оаза – капела која, како што вели, треба да стане „врата на милости.“

„Црквата треба да биде присутна таму каде што се луѓето. Како и многу други католички цркви, ниту нашата црква не е сместена токму таму каде што се луѓето. Локацијата не им била многу важна на нашите викторијански претци“, напишал на својот блог парохот на парохијата во Брајтон „Света Марија Магдалена“ о. Рај Блејк.

Откако својата идеја ја претставил на парохјаните еден од нив му предложил пробно изнајмување на еден локал на кој наскоро му истекува закупот.

„Би било одлично да има капела, место на средба во главниот трговски дел на градот. Размислував како тоа би можело да стане место за кратка молитва или дури и исповед, место на обраќање“, објасни о. Блејк.

Централно „оружје“ за евангелизација ќе биде Бројаницата. Идејата вели ја добил од епископ од Африка кој од неодамна изјавил дека всушност Бројаницата ќе ја победи Боко Харам, а овде е и папата Пио V кој заповедал ова христијанска побожност да се моли пред битката на Лепанто.

„Барав како да го посеам семето на обраќање во кратка средба. Бројаницата е едноставна да се научи, поголем дел од католиците знаат да ја молат. Таа ги поучува темелните верски вистини, го насочува човекот во таинствата и милостите,“ пишува парохот од Брајтон.

Внатрешното уредување исто така е веќе испланирано. Распетието, кипот на Мајка Божја, просторот за свеќи и двајцата побожни верници кои секојдневно ќе молат Бројаница, а по потреба ќе поучуваат за оваа молитва на кои ќе побараат.

Парохјаните на ова брајтонска парохија се воодушевени од идејата на својот парох, а веруваме дека и папата Фрањо доколку дознае за овој проект ќе биде многу задоволен.

Миодраг Војводиќ/Битно.нет/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот