Парохијата „Свети Петар и Павле“ од Гевгелија донираше облека на Специјалниот завод во Демир Капија

На 29 ноември 2014 година парохијата „Свети Петар и Павле„ од Гевгелија даруваше помош во облека на Специјалниот завод во Демир Капија, а од лицата и насмевките на луѓето од заводот се чувствуваше нивната благодарност.

Парохијата „Петар и Павле“ од Гевгелија редовно ги посетува слабите и најпотребните во специјалниот завод во Демир Капија, водејќи се од евангелските зборови. „Сѐ што ќе направите на овие најмали Мене сте ми направиле“.

К.мк/о.Д.Т.

Категорија: Македонија

За авторот