Паролин ја затвори јубилејната година за свети Филип Нери

Кардинал Пиетро Паролин Папскиот државен секретар на 26 мај 2016 година со света Литургија во црквата Света Марија во Валичела во Рим попозната како Нова Црква ја затвори јубилејната година за 500-тата годишнината од раѓањето на свети Филип Нери.

Заразна радост

Кардиналот ја започна проповедта со познатиот поттик на свети Филип Нери: „Чеда радувајте се, бидете весели. Сакам да не грешите и да бидете радосни.“ Радоста и веселбата биле главни составни делови на животот на светецот, а тие се плод на средбата со Христос, со Неговото Слово, со Неговата порака за спасение. Таа радост е заразна, се пренесува со допир, натпревар и посветување – рече кардинал Паролин додавајќи:

Многу е актуелен примерот на свети Филип Нери во овој наш свет каде што изгледа дека владеат себичноста, жалоста и загриженоста за иднината затоа што го покажува патот за постигнување на вистинстк радост во срцето, а таа е средбата со Христос, затоа што само Христос може на човекот да му даде мир и саканата полнина – истакна кардиналот.

Непријатен апостол

Апостолот, понекогаш непријатен (…) ја навестувал љубовта и Божјото милосрдие на сите кои живееле во беда, во грев, во апсолутен пустош; на луѓе кои зборот надеж не им значел ништо. Бил апостол помеѓу оддалечените од Бог, кои немале време да размислуваат за тоа дека откупувањето им е на дофат на рацете. Мноштвото од тие очајни во светецот гледале причина за нова надеж и сила за ново одење – рече кардинал Паролин.

Веродостојно сведоштво

Филип немал магична формула, ниту моќ за да ги промени судбините на илјадници бедници и сиромашниот народ, но станал еден од нив, се лишил самиот од себе и го делел нивното одење. Неговото сведоштво заради таа солидарност било веродостојно во очите на неговите современици, на нив делувал повеќе отколку илјадници проповеди и укори. Во светецот Рим го препознал својот покровител кој морално го потресе, будејќи го од духовната млакост во која западнал – истакна кардиналот.

Едноставен говор

Младите го следеле светецот затоа што зборувал разбирливо, искрено без заобиколувања и мудрувања. На нив им докажувал дека Исус ги сака, дека го сака нивното спасение; ги чека за да ги направи среќни. Им зборувал на младите за радоста и не го загушувал нивниот младински занес сакал да се веселат но да не грешат. Тој ја разликувал забавата од гревот, што не било вообичаено во тоа време. Младите се собирале затоа што се чувствувале сакани, заштитени, охрабрени и придружувани. Филип никогаш не ги изневерил нивните очекувања уште повеќе на нив сосема се посветил за да можат да растат како граѓани и како христијани. Сакал да ги направи свети затоа што Христос го сметал за најскапоценото богатство за пренесување – рече Папскиот државен секретар.

Ораторијата училиште на братството

Можеме да кажеме дека Филип е свешетеник за секое време; благодарение на неговото делување Црквата повторно ја открива душогрижливоста како главен приоритет, на верниците им се приближува со близината која што ја користел свети Филип. Неговиот апостолат заснован на пријателството и личниот однос со Христос и повикот на милосрдие и божествената љубов ги допирале срцата на луѓето.

Во радоста и искуството од заедништвото со Бог се формирала ораторијата. Таа црковна реалност ја користи духовната радост која по својата природа е заразна. Ораторијата навистина се храни и својата смисла ја наоѓа на трпезата на Телото и Крвта Христова и околу трпезата на Божјото Слово. Со взаемна љубов преку своите членови Ораторијата сведочи дека Христовата љубов ја надминува секоја поделба и разлика. Ораторијата е училиште кое сите нас нè прави браќа и деца на ист Отец – заврши кардинал Паролин.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот