Паролин: За интеграција на мигрантите во Европа и избегнувањето на гетоизација потребно е државјанство

Паролин: За интеграција на мигрантите во Европа и избегнувањето на гетоизација потребно е државјанство

Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин на претставувањето на книгите „Да припаѓаш на Медитеранот“ и „Братство“ во издание на списанието „Ла Цивилта Католика“, рече дека сè уште не е признат придонесот на мигрантите за развојот на европските земји во кои се дојдени.

Државјанството е клучниот збор за интеграцијата на оние кои доаѓаат на нашиот брег за да се избегне гетоизацијата која не е ништо друго, туку инкубатор за друго насилство – рече Папскиот државен секретар, кардиналот Пиетро Паролин, осврнувајќи се на темата за миграцијата во Европа и Италија, учествувајќи заедно со италијанскиот премиер Џузепе Конте, на претставувањето на книгата „Да се припаѓа на Медитеранот“ и „Братство“, кои ги издаде списанието „Ла Цивилта Католика“ во соработка со издавачката куќа Анкора. Презентацијата се одржа во просторииите на тоа италијанско Исосуовско списание. Таа средба се одржа една година по потпишувањето на историскиот документ за човечкото братство за светскиот мир и заедничкиот живот во Абу Даби. (…)

Во неодамнешните расправи во целост не е признат придонесот на мигрантите во развојот на земјите на Северниот Медитеран во кој дојдоа – рече кардиналот Паролин и истакна, „државјанството“ е средството кое исто така е законски потребно, па и за оние кои доаѓаат на нашиот европски брег. Што се однесува до мигрантите, Европа е неактивна и недоволно свесна за тоа прашање. Сомневањето на некои земји од Европската унија води во ризик за отворање понатамошни поделби.

Кардиналот во својот говор потсети на претстојната средба во Бари од 19 до 23 февруари, во организација на Италијанската епископска конференција на тема „Медитеранот, граница на мирот“, а која ќе ја затвори папата Фрањо. Медитеранот е место на средба, а понекогаш и конфликт помеѓу народите и културите на трите континенти и на трите големи монотеистички религии – рече кариднал Паролин и напомена: Треба да се дозволи да се слушнат очекувањата и надежта на сите народи; никој не смее да биде исклучен. Се работи за место кое и покрај разликите и конфликтите раѓа вредности, култура и мисли.

Папата Фрањо кој зборува за братството од почетокот на својот понтификат, потсетува дека тоа исто така е внимание кон мигрантите – рече кардиналот Паролин и продолжи: Имено неговото прво патување беше во срцето на Медитеранот, на Лампедуса, на 8 јули 2013 години и таму праша како што го праша Бог на Каин: Каде е твојот брат? Не сме повеќе способни да се заштитиме едни со други – се пожали кардиналот Паролин заедно со Папата и додаде: Ако нашата перспектива е она на Каин, Медитеранот не може ништо друго, туку ќе се претвори во големи гробишта. (…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот