Парите, уживањето и успехот заслепуваат, а потоа разочаруваат

По молитвата Ангел Господов во поглед на трагичениот настан во Анкара, Папата упати апел за мир.

Во своето обраќање до верниците пред пладневната молитва Ангел Господов од прозорецот на Апостолската палата, во недела 11 октомври Папата се надоврза на евангелскиот текст, укажувајќи посебно на три аспекти. Младиот човек кој доаѓа да му се поклони на Исус и му поставува прашање: Што треба да направам за да имам живот вечен (односно среќа)? Вечниот живот не е само живот „од онаа страна“, туку живот во полнина без ограничувања – рече папата Фрањо.

Исусовиот одговор на ова прашање упатува на заповедта која се однесува на љубовта кон ближниот. Прво изгледа дека младиот човек е беспрекорен, но исполнувањето на заповедите очигледно не се доволни; не го задоволува неговиот копнеж за полнина. Исус ја насетува таа желба на младиот човек „го погледна и му омиле“(ред 21). Сепак Исус ја открива и слабата точка на младиот човек. Му дава конкретна понуда: да даде сè што поседува на сиромашните и потоа да го следи. Срцето на младиот човек било поделено помеѓу двајца господари: помеѓу Бог и богатството и си отиде нажален. Ова ни покажува дека помеѓу верата и наврзаноста на богаството нема соживот и почетниот полет на младиот се претвори во несреќа и бродолом – рече Папата.

Во втората сцена Исусе се свртува на своите ученици и вели: Колку е тешко за богатите да влезат во царството Божјо! Учениците се зачудени прашаа: Тогаш кој може да се спаси? Исус одговара со охрабрување: за луѓето тоа е невозможно, но за Бог не. Ако се доверуваме во Господ можеме да ги надминеме сите пречки кои ни доаѓаат на патот на верата за да Го следиме. Довери се на Господ; Тој ќе ни даде сила и спасение; Он нас нè следи – истакна Светиот Отец.

Во третата сцена Исус свечено кажува: навистина ви велам: кој оставил сè за да ме следи ќе има живот вечен во идниот, а стопати повеќе и во ова време (ред 29-30). Ова сто пати се состои од работи кои порано сме ги поседувале, а потоа сме ги напуштиле, а кои на крајот повторно се пронаоѓаат, бескрајно умножени. Се решаваме за добра, а за возврат уживаме во вистинско добро; се ослободуваме од робувањето на работите, а постигнуваме слобода на служење во љубовта; се откажуваме од поседувањето, а ја примаме радоста на дарувањето. Исус вели дека е поблажено да се дава отколку да се прима – објасни Папата.

Младиот човек не дозволил да го освои Исусовиот поглед на љубовта и затоа не можел да се промени. Само прифаќајќи ја со понизност благодарноста на љубовта Господова се ослободуваме од заводливоста на идолите и слепилото на своите илузии. Парите, уживањето и успехот заслепуваат, а потоа разочаруват: ветуваат живот, а прибавуваат смрт. Господ бара да се ослободиме од тоа лажно богатство за да влеземе во вистинскиот живот во полнина; сјаен и веродостоен.

Папата потоа се обрати на младите на плоштадот со прашањето: „Дали сте го почувствувале на себе Исусовиот поглед? Што ќе му одговорите? Сакате ли плоштадот да го напуштите со Исусовата радост во срцето или со жалоста која светот ви ја дава?“ – рече Папата додавајќи: Нека Дева Марија ни помогне своето срце да го отвориме за Исусовата љубов која единствено може да ја исполни нашата жед за среќа.

По молитвата Ангел Господов во поглед на трагичниот настан во Анкара, Папата упати апел за мир: „Болка заради бројните мртви. Болка заради ранетите. Болка затоа што атентаторите ги погодија незаштитените и мирољубиви луѓе. Додека молам за таа мила земја, го молам Господ да ги прими душите на загинатите и да ги утеши оние кои трпат и нивните семејства.“

Папата потсети на 13 октомври како Меѓународен ден за намалување на природните катастрофи и истакна дека причините за таквите несреќи често се отежнати од недоволната грижа на човекот за околината, поддржувајќи ги сите кои се заземаат во борбата за заедничкиот дом. Потоа Папата по обичај ги поздрави бројните групи семејни и парохиски ходочасници како и бројните ходочасници од Италија и странство. На сите им посака пријатна недела и како секогаш се препорача во молитвите.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот