Папскиот државен секретар Паролин ја посети ватиканската детска болница „Детето Исус“

Кардинал Пиетро Паролин, Папски државен секретар, во петок 5 декември 2014 година  ја посети ватиканската детска болница ‘Детето Исус’. Ја благослови обновената капела во склоп на болницата како и присутните децата кои се таму на лекување и персоналот на кои им ги честита божиќните празници.

Поздравувајќи ги сите рече дека болницата е место каде што се лекуваат многу болести. Таму каде што на човек му е потребна медицинска нега, присутен е Господ кој неизмерно страдаше за сите нас. Неговото присуство е тивко и моќно кое исполнува со надеж, благословува, лекува и дава сила да се прифати крстот; го носи заедно со нас и го претвора во оружје на соработка за откупување на светот – рече кардиналот.

Освен Господовата присутност во секој од вас, особено во малите пациенти, многу важно е и присуството на Исус во друга форма: Евхаристискиот Исус во капелата, каде што постојано е присутна неговата љубов, каде може да му се поклонуваме, да разговараме со Него, да бараме од Него милост и да му се заблагодаруваме за примената милост, да го молиме за сила за да можеме да ја прифатиме болеста која тешко е разбирлива, особено онаа на невините деца – рече кардиналот додавајќи дека и Исус како дете пред Ирод мораше да бега во Египет.

Потсетувајќи дека сме во Адвент, тој им посака на сите да ја откријат вистинската смисла на Рождеството Христово, кој носи мир на луѓето со добра волја. Неговото бесплатно присуство меѓу нас луѓето засекогаш донесе Божји мир. Пресвета Богородица, која на своите раце го носеше малиот Исус, нека ги штити и поддржува сите они кои работат во оваа болница, семејствата и децата кои од Рим и од целиот свет доаѓаат на лекување во болницата ‘Детето Исус’ – заврши кардинал Паролин.

 

Категорија: Ватикан

За авторот