Папа Фрањо ги посети младите кои се борат со зависноста

Папа Фрањо, во петок 26 февруари, ненајавено ја посети Заедницата Свети Карло при Италијанскиот центар за солидарност во близина на Кастел Гандолфо. Заедницата е основа од Марио Пици, а помага на луѓето кои се борат против зависности – особено дрога. Изненадувачката посета е дел од намерата на Папата да направи конкретен гест поврзан со делата на милосрдието во еден петок од секој месец за време на Светата година.

Претседателот на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација, надбискупот Рино Физикела, го придружуваше во оваа посета и рече дека младите и волонтерите кои престојуваат во центарот биле вчудоневедини кога виделе кој е дојден во ненајавена посета и тоа без безбедносна придружба.

Папа Фрањо кратко разговараше со секој поединечно и ги послушал нивните раскажувања за борбата против зависностите. Попладне им се придружи на оброк и со младите – на нивна радост – јадеше пица. Центарот за солидарност – кој е основан шеесетите години на минатото столетие – исто така беше посетен и од Павле VI и Иван Павле II.

Со овој гест – рече надбискупот Физикела – папа Фрањо сакаше да ја нагласи потребата за постојана доверба во силата на милосрдието , кое продолжува да го поддржува нашето ходочастие и дури и во најладните моменти ни овозможува да ја почуствуваме топлината на Божјата присутност.

РВ/к.мк/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот