Папа Фрањо: Аудиенција за бискупите од мисионерските области

Сатаната има две оружја со кои настојува да ја уништи Црквата од внатре, а тоа се парите и поделбата – истакна папа Фрањо на 9 септември 2016 на аудиенцијата за бискупите од мисионерските области.

Конгрегацијата за евангелизација на народите оваа седмица на конференција во Рим ги повика бискупите од разни краеви на светот и Светиот Отец на заедничката средба им говореше за значењето на нивната служба.

Папа Фрањо истакна дека секој бискуп треба да настојува да биде достапен за своите свештеници и додаде дека бискупите може често да сметааат на добри соработници. Многу верни лаици се благодарни кога може да се потпрат на ангажираниот бискуп. Ова е посебно случај во краевите кои се погодени од „длабоките противречности и неправдите“, и продолжи:

„Секој од вас има голема чест, но во исто време и одговорност, да биде во првите „евангелизациски редови“. Слика сте на Добриот Пастир и како такви сте повикани да се грижите за своето стадо и да ги барате овците, особено оние изгубените; да барате нови начини на навестување на евангелието и средба со луѓето; да помогнете на оние кои го примиле дарот на крштение за да растат во вераta така што верниците – па и оние „млаките“ – повторно да ја откријат радоста на верата и евангелизациската плодност. Поради тоа ве поттикнувам да ги барате и оние овци што не припаѓаат на Христовото стадо “, речеСветиот Отец.

Бискупите треба да охрабруваат, да ги следат и поттикнуваат сите постоечки обиди и настојувања за да ги одржат во живот верата и надежта – рече Папата и додаде: „Некои млади Цркви – чии пастири сте – имаат повеќе месно свештенство, додека други имаат помалку свештеници. БиКако и да е, ве повикувам да се посветите на формација на своите свештеници. Понудете им конкретен и допирлив пример“.

Им порача дека ѓаволот има две оружја кои настојуваат да ја уништат црквата – пари и поделба. Посебно ги предупреди на опасноста од оговрање кое може да го наруши единството на Црквата. „Црквата треба да знае да ги надмине тоа племенско-културно пренагалсување и бискупот – како видлив знак на единство – има задача непрестано да ја гради месната Црквата во заедништво на сите нејзини членови“, им рече на крајот папа Фрањо на бискупите.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот