Папата: Треба да се покаже вистинскиот живот, да излеземе и да ги запознаеме луѓето

Папата: Треба да се покаже вистинскиот живот, да излеземе и да ги запознаеме луѓето

Во пораката за 55. Светски ден на социјалните медиуми, кој годинава се слави на тема „Дојди да види“ (Иван 1,46). Да се комуницира преку средби со луѓе каде и да се и какви и да се“ при што Папата охрабри да се оди таму каде што никој не оди и пандемијата да не се претставува само преку очите на богатиот свет.

Повикот „Дојди и види“ е метода за секоја вистинска човечка комуникација – тоа е сржта на пораката на папата Фрањо за 55. Светски ден на социјалните комуникации, кој годинава се слави на тема „Дојди и види“ (Иван 1,46). Да се комуницира преку средби со луѓе каде и да се и какви и да се“. Пораката е објавена на 23 јануари 2021 година, во пресрет на празникот Свети Фрањо од Салес, заштитник на новинарите.

Пораката на Папата за тој ден го содржи повикот кој Филип го упатува до Натанаил – „Дојди и види“, како што ни кажува пасусот од евангелието според Иван, која ја вдахнови темата и која не нуди проценка, туку директно познавање. Повеќе од две илјади години – истакна Папата – постои синџир на средби со цел да се пренесе убавината на христијанската авантура. Од друга страна, во комуникацијата ништо не може целосно да ја замени личната средба со некоја личност. За секој израз на комуникација кој сака да биде чесен, Папата го препорачува повикот „дојди и види“, за денешната комуникативна галаксија, од весници до Интернет, но и редовното проповедање на Црквата, како и за политичката или социјалната комуникација.

Затоа е важно да се обрне внимание на опасноста од комерцијална и секогаш еднаква комуникација, без да се излезе на улица како би се сретнале луѓето и да се провери. Особено во ова време на пандемија, Папата повикува да се зборува и за случувањата кај сиромашните народи.

Во пораката, Папата дава голема важност на занесното и љубопитното движење, излегувајќи од удобната вообразеност дека „веќе знаеме“. Покрај тоа, тој предупредува на опасност од изедначување, како што се „фотокопирани весници“ или претежно идентични телевизиски, радио и Интернет вести, во кои истражувањата губат простор на сметка на претходно подготвените информации. Информации кои – потсети тој – сѐ помалку се способни да ја доловат вистината и конкретниот живот на луѓето и повеќе не знаат да ги согледаат ниту најсериозните општествени појави или позитивните енергии што извираат од темелите на општеството. Според мислењето на папата Фрањо, издавачката криза може да доведе до информации направени во редакциите, пред компјутерите, без да го трошат – како што напиша – ѓонот од чевлите.

Интернетот со социјалните мрежи може да ја зголеми способноста и брзината на ширењето вести – на пример, во итни случаи, при првите комуникации со населението – и да биде извонредно средство. Сите можеме да бидеме сведоци на настани што инаку би ги игнорирале традиционалните медиуми и така се вадат на виделина позитивните настани – рече Папата. Сепак, постои опасност од социјална комуникација без проверка. Затоа, не треба да се демонизираат овие средства, туку да се има поголем капацитет за разбирање, преземајќи одговорност за ширење на содржините.

Пандемијата, која го погоди светот на почетокот на 2020 година, исто така силно ја обележува и пораката на Папата. Светиот Отец предупредува дека постои опасност за пандемијата, како и за секоја криза, да се зборува само преку очите на богатиот свет – како што спомена – се води „двојно книговодство“. Во врска со ова, Папата посебно го истакна прашањето за вакцините и медицинската терапија од кои би можело да биде исклучено најсиромашното население. Кој ќе ни каже за очекувањето за закрепнување во најсиромашните населби во Азија, Латинска Америка и Африка – прашува Папата. Станува збор за опасност која го опфаќа и светот на оние со поголема среќа, во која општествената драма на семејства кои за кратко време паднаа во сиромаштија останува главно скриена. Економските разлики може да го одредат редоследот на дистрибуција на вакцината против болеста COVID-19, во која сиромашните се секогаш последни, а правото на здравје за сите луѓе е во принцип потврдено, но се лишени од своите вистински вредности.

Папата Фрањо од срце се заблагодари за храброста на многу вработени во медиумите. Заслуга е на новинарите, снимателите, уредниците, кои често се загрозени во нивната работа, што денес ја знаеме, на пример, маката на малцинствата кои се прогонети во многу делови на светот; фактот дека се пријавени бројни случаи на насилство и неправда против сиромашните и во однос на сите созданија и што се раскажани многу заборавени војни. Тоа би било осиромашување, ако нема такви гласови – истакна меѓу другото папата Фрањо во својата порака за Светскиот ден на социјалните медиуми.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот