Папа: Срцето Исусово е извор на милосрдие, прошка и нежност

Папа: Срцето Исусово е извор на милосрдие, прошка и нежност

По пладневната молитва папата Фрањо истакна дека Италија го надминала најтешкото време на епидемијата на коронавирусот и поттикна од Срцето Исусово да црпиме Божјо милосрдие, прошка и нежност.

Ве поздравувам сите вас Римјани и поклоници; сите верници, семејства и верски заедници – рече папата Фрањо по пладневната молитва во неделата на 7 јуни 2020 година и истакна: Вашето присуство на плоштадот е знак дека Италија го надминала најтешкото време на епидемијата, иако и понатаму треба внимателно да се следат мерките кои се во сила. За жал во другите земји посебно тие во Латинска Америка, вирусот сè уште однесува многу жртви. Својата близина ја изразувам на тие народи, на болните и на нивните семејства и на сите оние кои за нив се грижат.

Месец јуни на посебен начин е посветен на Срцето Исусово, побожност која ги обединува големите духовни учители и едноставните луѓе од Божјиот народ. Всушност човечкото и божественото Срце Исусово е изворот од кој секогаш можеме да црпиме милосрдие, прошка и Божја нежност. Тоа можеме да го правиме задржувајќи се на дел од Евангелието, чувствувајќи дека љубовта, љубовта на Отецот е во центарот на секој Исусов гест и збор. Тоа можеме да го правиме и поклонувајќи се на Евхаристијата, светата Тајна во која е присутна љубовта. Тогаш и нашето срце малку по малку, ќе стане потрпеливо, повеликодушно и помилосрдно – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот