Папата до членовите на Римската курија: Сите сме бескорисни слуги

Папата до членовите на Римската курија: Сите сме бескорисни слуги

Да ги задржиме мирот и расположението на овогодинешниот Божиќ одбележан со пандемијата. Да влеземе во кризата живеејќи ја како време на благодат и да дозволиме Духот да нè води – поттикна папата Фрањо во говорот по повод годишната средба со членовите на Кардиналскиот колегиум и Римската курија, која се одржа во понеделник 21 декември 2020 година во пресрет на Божиќ.

Во својот говор, Папата размислуваше за кризата предизвикана од пандемијата, која – како што истакна – нè предупредува за осудите на Црквата на брза рака, со нејзините минати и сегашни скандали. Покрај тоа, тој препорача кризата да не се меша со конфликтот, бидејќи кризата обично има позитивен крај, додека конфликтот секогаш поттикнува спротивставување. Затоа тој поттикна да се бара понизноста за да можеме да кажеме дека времето на криза е време на Духот, затоа што кој не гледа на кризата во светлина на евангелието, се ограничува на обдукција на покоен – рече Папата.

Во размислувањето Папата беше инспириран од германската филозофка Хана Арент, која во урнатините на тоталитаризмот на дваесеттиот век, призна дека чудото што го чува светот се наоѓа во неколку зборови со кои евангелието ја објави радосната вест: Меѓу нас се роди дете. Затоа – објасни тој – вистинското место го наоѓаме само ако сме разоружени, понизни, остварувајќи ја во средината во која живееме, програмата за живот предложена од свети Павле или замислувајќи се во приказот на јаслите, како што бара Свети Игнатиј од Лојола.

Ова е уште попотребно – додаде тој – по повод оваа пандемија за Божиќ, здравствена, економска, социјална, па дури и црковна криза, која го погоди целиот свет во кој стана реалност што ја споделуваат сите. Тоа е злобен занемарлив камен на сопнување, но истовремено и голема можност за преобраќање и враќање на веродостојнота.

Спомнувајќи ги потоа примерите на Авраам, Мојсеј, Илија, Иван Крстител, Павле од Тарс, како и самиот Исус, кој го започнува јавниот живот низ искуството на кризата искусена во искушенија, како потоа би поминал низ онаа во Гетсиманската градина, папата Фрањо истакна дека нашите црковни анализи понекогаш изгледаат како приказни без надеж, додека надежта успева да го потенцира она што нашите кратковидни погледи не можат да го видат. Покрај тоа, додаде тој, Бог дава и понатаму да се развива семето во неговото царство, како што тоа многумина во Куријата го покажуваат, кои сведочат за нивното понизно, дискретно, тивко, доследно, професионално, искрено дело. Нашето време исто така има свои проблеми… но Господ не го напушти својот народ; иако се случува проблемите да завршат веднаш во весникот, а знаците на надеж стануваат вести многу подоцна, и не секогаш.

Говорејќи за вториот клучен збор на говорот, односно конфликтот, Папата истакна дека ако Црквата се толкува со вообичаените „категории“, т.е. „десно“ и „лево“, „прогресивни“ и „традиционалисти“, таа на крајот се распаѓа, поларизира, расипува и ја изневерува својата природа. Таа е тело кое постојано е во криза токму затоа што е живо, но никако не смее да стане тело во конфликт, со победници и победени. На овој начин, имено, ќе шири страв, ќе стане крута, помалку синодална и ќе наметне еднообразна логика што изедначува, далеку од богатството и многуслојноста што ги дава Духот.

Зад секоја криза постои оправдана потреба за осовременување – забележа Папата. Но, за ова се потрребни целосна посготвеност и обврска да не се размислува за реформа на Црквата како ставање нова крпа на стар костум, или едноставно изготвување нова апостолска конституција. Реформата на Црквата е нешто друго. Тоа е посветеност и труд така што, и покрај бројните проблеми, нашата слабост не би била во навестување на евангелието.

На крајот, Папата забележа дека би било убаво ако престанеме да живееме во конфликт и да се чувствуваме повторно во движење, бидејќи – објасни тој – конфликтот е лажна прошетка; тој е лутање без смисла и цел; тој е останување во лавиринтот; тој е губење на енергија што, како прво зло, доведува до озборувања. Благодарејќи на членовите на Курија за нивното служење папата Фрањо ги повика сите да ја сочуваат целосната свест за фактот дека – како што рече – сите ние, и јас како прв, сме само бескорисни слуги на кои Господ им покажа милост.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот