Папа до новинарите: Промовирајте дијалог и искрена комуникација

Папа до новинарите: Промовирајте дијалог и искрена комуникација

Папата Фрањо во понеделник 1 февруари 2021 година прими делегација на Catholic News Service (Католичката новинска служба) на Американската бискупска конференција, а по повод повод стогодишнината од нејзиното основање.

Во текот на изминатите сто години, Catholic News Service даде непроценлив придонес на англиското говорно подрачје, известувајќи за посланието на Црквата за нејзиното навестување на евангелието и сведочењето на Божјата љубов објавена во Исус Христос. Во ера кога вестите можат лесно да се манипулираат и се шират дезинформации (сп. Порака за Светскиот ден на социјалните медиуми 2021), вие се обидувате да ја откривате вистината на начин кој според зборовите на вашето мото е „точна, верна и информативна“ – рече Папата во своето обраќање.

Ви благодарам за вашата работа и ве охрабрувам да продолжете да промовирате дијалог и искрена комуникација помеѓу поединци и заедници. Потребни ни се медиуми кои можат да им помогнат на луѓето, посебно на младите, да го разликуваат доброто од злото, да развиваат здрави пресуди засновани врз јасно и непристрасно изнесување на фактите и да ја препознаат важноста за застапување за правда, социјална слога и почитување на нашиот заеднички дом – рече Папата. „Духот на заедништво со Римскиот бискуп, кој отсекогаш бил одлика на Catholic News Service нека продолжи да ги води вашите напори за понизно и одговорно служење на вистината“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот