Папа: Да се одбијат компромисите и да се оди по патот на Исус Христос

Папа: Да се одбијат компромисите и да се оди по патот на Исус Христос

„Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно! е последното блаженство на Исус за кој папата Фрањо размислуваше на Генералната аудиенција. Предупреди исто така дека и христијаните можат да бидат извор на презир кога ќе го загубат „вкусот на Христос и евангелието“  

Со катехезата на Генералната аудиенција, вчера на 29 април 2020 година одржана во библиотеката на Апостолската палата поради пандемијата со коронавирусот, папата Фрањо ги заврши размислувањата за осумте евангелски блаженства. Последното, како и првото ветува среќа, односно царството небесно кои ќе им припаднат на гонетите заради правда и на бедните по дух – истакна Папата. Патот на блаженствата е воскресен пат кој води од животот во светот до оној кон Бог, од животот што го води самољубието, до она што го води Духот.

Но, овој вид на живот не може да го прифати светот кој има други приоритети. Неговите „структури на грев“ не можат да ги прифатат вредностите на блаженствата, а животот со евангелието може да го сметаат единствено како грешка и проблем – забележа Папата и истакна: Бидејќи светот живее во функција на парите, било кој да покаже дека животот може да се оствари во дарувањето и одрекувањето станува пречка за системот на алчноста. Клучен збор е „пречка“, бидејќи христијанското сведочење, кое прави толку добрини на луѓето бидејќи го наследуваат, им пречи на оние кои имаат световен менталитет. Го живеат како предупредување.

Кога ќе се појави светоста и сведочи живот на деца Божји, во таа убавина  има нешто незгодно што поттикнува на завземање став: или ќе му се отвориме на доброто или ќе ќе го одбиеме тоа светло и ќе го зацврстиме срцето сè до противење или дури и омраза – напомена Папата и се спомна на прогоните во минатиот век во Европа. Интересно е да се види во прогоните на мачениците како непријателството расте сè до омраза. Доволно е да се осврнеме на прогоните на европските диктатори во минатиот век; како дојде до омраза кон христијаните, христијанското сведочење и херојството на христијаните.

Тоа, меѓутоа, – спрема зборовите на Папата – покажува дека прогонот исто така е место за ослободување од потчинетоста на успехот и копнежот за слава како и од компромисот на светот. Што го радува оној кого светот го одби поради Христос? – праша и рече: Го радува тоа дека пронајде нешто што вреди повеќе од целиот свет.

Жално е да се мисли на тоа дека во овој момент, на разни краишта во светот, бројни христијани се прогонети, мораме да се надеваме и молиме нивното страдање да заврши што поскоро. Многу се, денешните маченици се побројни отколку во првите векови. Да им искажеме близина на тие наши браќа и сестри, едно тело сме, а тие христијани се крвавите делови на Христовото тело кое е Црквата – истакна папа Фрањо.

Меѓутоа, човечкиот презир не е секогаш прогон, понекогаш до презирот се доаѓа со наша вина – предупреди Папата и објасни: Тоа се случува кога христијаните, солта на земјата, го изгубат „вкусот на Христос и евангелието“. Тогаш треба да бидеме верни на понизниот пат на блаженствата, бидејќи тој води до тоа да станеме Христови, а не од светот. Прогонети, стануваме слични на Христос на крстот, на Него кој луѓето го презираа и отфрлаа. Прифаќајќи го неговиот Дух го исполнуваме срцето со толку љубов да го даваме животот за светот, не попуштајќи на компромисот со неговите лаги и прифаќајќи го неговото отфрлање.

Компромисот со светот е опасен, христијанинот е секогаш во искушение да попушти на компромисот со светот, со духот на светот. Да се одбие компромисот и да се оди по патот на Исус Христос, е живот на небесно царство, најголема радост, вистинска среќа – рече папа Фрањо и на крајот ги поттикна верниците никогаш да не ја губат храброста. Во прогонствата секогаш е присутноста на Христос кој не прати, Исус кој не теши и снагата на Духот која ни помага да издржиме. Да не се обесхрабриме кога животот во склад со евангелието ги привлекува прогоните на луѓето, тука е Духот кој не поддржува на тој пат – истакна Папата.

На крајот од ауденцијата, упатувајќи поздрави на повеќе јазици, папа Фрањо потсети на блиската прослава на празникот свети Јосиф работник и на Божјото милосрдие ги довери сите оние кои поради пандемијата на коронавирусот се сега невработени. Го спомена и денешниот празник света Катерина Сиенска, и поттикна нејзиниот пример да помогне на секој од нас во христијанската доследност да ја соединиме љубовта кон Црквата и делотворната грижа за граѓанската заедница, посебно во ова време на искушение.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот