Папата e ожалостен за бродоломот во Медитеранот

Папата e ожалостен за бродоломот во Медитеранот

Во пладневното обраќање за време на молитвата Ангел Господов папата Фрањо упати апел до меѓународната заедница да ја гарантира безбедноста на мигрантите и да се преземе сѐ таквите трагедии да не се повторат. Апелот на Светиот Отец пристигна после бродоломот, до кој дојде на 25 јули пред либискиот град Хомс, при што настрадаа околуи 150 лица.

Бродоломот кој се случи во четврток пред либискиот брег многумина го сметаат за најголема трагедија во последните две години. Медитеранот повторно е место на смрт за 150 луѓето, меѓу кои деца и жени. Двата брода со кој пловеа, потонаа кај градот Хомс, најверојатно поради преголемиот број лица кои ги превезувале. Според последните податоци спасени се 137 лица и се пронајдени тела на 66 починати. Во апелот упатен во пладневниот говор папата Фрањо побара интервенција на меѓународната заедница како би се избегнале таквите трагедии.

Со жалост ја примив веста за трагичниот бродолом до кој дојде минатите денови во Медитранот, во кој животот го загубија стотина мигранти, меѓу кои деца и жени. Повторно упатувам апел до меѓународната заедница да делува подготвено и одлучно, како би се избегнало повторувањето на таквите трагедии и да гарантира безбедност и достоинство за сите луѓе. Ве повикувам заедно со мене да се молите за жрттвите и за нивните семејства, и од срце да се прашате… Оче зошто? – рече Папата во пладневниот говор.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот