Папата, Џастин Велби и Џон Чалмерс објавија заедничка порака до водачите на Јужен Судан

Папата, Џастин Велби и Џон Чалмерс објавија заедничка порака до водачите на Јужен Судан

Папата Фрањо, англиканскиот примас и поранешниот модератор на Презвитеранската црква на Шкодска испратија заедничка честитка за Божиќ и Нова година до претседателот на Јужен Судан, Салва Кир Мајрдит и до лидерот на опозицијата Риек Мачар. Ги воздигнуваме до Христос Спасителот нашите молитви за обновената посветеност на патот на помирувањето и братството – стои во пораката

По повод Божиќ и почетокот на новата година, папата Фрањо, англиканскиот примас Џастин Велби и о. Џон Чалмерс поранешен модератор на Презвитеранската црква на Шкотска испратија заедничка порака до претседателот на Јужен Судан, Салва Кир Мајрдит и до лидерот на опозицијата Риек Мачар, во која ја гарантираат својата близина во нивните напори за што побрзо споредување на мирвните договори. Освен тоа на политичките лидери и на целото население на Јужен Судан му изразија најубави желби за мир и благосостојба.

Ги воздигнуваме до Христос Спасителот нашите молитви за обновена посветеност на патот на помирувањето и братството – истакнаа Папата, Велби и Чалмерс и повикаа изобилен Божји благослов на политичките водачи и на цел Јужен Судан, посакувајќи Господ Исус, Кнезот на мирот, да ги расветли и води нивните чекори во добрина и вистина, за да им се овозможи посакуваната посета на таа драга земја.

Имено, на крајот од молитвата Ангел Господов, на 10 ноември, папата Фрањо изрази желба следната година да го посети Јужен Судан, а по состанокот со кантерберискиот надбискуп Џастин Велби во Ватикан на средината на ноември, двајцата изразија намера заедно да ја посетат таа африканска земја доколку конфликтините страни до февруари следната година формираат влада на национално единство.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот