Папата ќе ја предводи светата Литургија на празникот Богородица од Гвадалупе

Папата ќе ја предводи светата Литургија на празникот Богородица од Гвадалупе

Папата Фрањо ќе ја предводи светата Литургија во базиликата Свети Петар на 12 декември 2022 година, на празникот Богородица од Гвадалупе, соопшти Папската комисија за Латинска Америка.

Светата Литургија ќе ја служи во 18.00 часот, а според соопштението на Папската комисија, католиците ширум американскиот континент се поканети, девет години од 500-годишнината од објавата на Дева Марија, „повторно да го откријат длабокото значење на присуството на Исус Христос преку Марија во нашите земји“.

Комисијата наведува дека Пресвета Богородица од Гвадалупе „во нејзиниот дијалог со свети Хуан Диего нè повикува да ја цениме со обновена сила убавината и достоинството на пророчкото присуство на жените, големата улога на верниците, можностите за сиромашните, синодалноста како динамична димензија на заедништвото и да се прифати радикална упатеност на секој живот кон Исус Христос“.

Повикани сме, стои понатаму во соопштението, да ги направиме нашите семејства, нашите земји и целиот континент „свет дом“ во кој може слободно да се навестува верата во „вистинскиот Бог за кого живееме“.

На светата Литугија која ќе ја предводи Папата ќе претходи Света Бројаница со почеток во 17.30 часот, а прославата ќе ја придружуваат хоровите на Систинската капела, Папскиот колегиј Пио Латино Американо и Папскиот мексикански колегиј.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот