Папата ќе ја посети Африка

д 25 до 27 ноември 2015 година Светиот Отец ќе престојува во Кенија, од 27 до 29 ноември во Уганда и од 29 до 30 ноември во Средноафриканската Република.

Тоа ќе биде прва посета на Папата во Африка. Папата за време на својот понтификат ги посети Бразил, Јордан, Израел и палестинските подрачја, Јужна Кореја, Албанија, Европскиот парламент во Стразбург, Франција, Шри Ланка, Филипини, Босна и Херцеговина, Еквадор, Боливија и Парагвај. Кон крајот на септември ќе ги посети Куба и САД:

Последна посета на еден Папа на Африка беше на сега почесниот папа Бенедикт XVI на Бенин во 2011 година.

Програмата за патувањето на Папата во Африка ќе биде дополнително објавена, стои во соопштението од Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот