Папата ќе го посети Даблин

Папата ќе го посети Даблин

Папата Фрањо ќе го посети Даблин на 25 и 26 август по повод 9. Светска средба на семејства. Веста за претстојната посета ја објави самиот Папа, пред да ги упати поздравите до поклониците и верниците на крајот од Генералнта аудиенција на 21 март 2018 година.

Посебно ги поздравувам верниците од Ирска кои ја придружуваат иконата за 9. Светска средба на семејства што ќе се одржи во Даблин во месец август. По повод таа средба планирам да го посетам Даблин на 25 и 26 август оваа година. Исто така, би сакал да им се заблагодарам на цивилните власти, на епископите, на епископот на Даблин и на сите кои ќе соработуваат во подготовката на оваа посета “, рече папата Фрањо.

За време на Генералната аудиенција, две семејства од Ирска му ја претставија на папата Фрањо „Иконата на Светото Семејство“ за Светската средба на семејства, која ќе се одржи од 21 до 26 август оваа година. Ирската делегација беше предводена од архиепископот Дирхам Мартин, претседател на средбата, а беа вклучени и отец Тим Барлет, генерален секретарот на Светската средба и иконописецот Михаи Куку.

Иконата беше осветена од монс. Мартин на 21 август 2017 година, со што официјално започна подготовка за настанот. Оттогаш, иконата на Светото семејство ги посети сите парохии во земјата за да им помогне на заедниците да се подготват за претстојната средба на католичките семејства.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот