Папата ќе ги посети L´Osservatore Romano и Радио Ватикан

Папата ќе ги посети L´Osservatore Romano и Радио Ватикан

Следниот понеделник, на 24 мај, папата Фрањо ќе го посети седиштето на Радио Ватикан и полуслужбениот ватикански дневник L´Osservatore Romano, објави на 18 мај директорот на канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни.

Папата Фрањо честопати посетува разни ватикански институции и разговара со вработените, но овојпат Бруни ја најави посетата на Папата по повод годината на големите јубилеи – 160-годишнината од L´Osservatore Romano и 90-годишнината од Радио Ватикан.

Посетата на папата на ватиканските медиуми ќе биде во понеделник Педесетница, кој е работен ден во Италија, а програмата ќе биде објавена дополнително, истакна Бруни.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот