Папата: Љубовта кон ближниот основа за меѓурелигиски дијалог

Папата: Љубовта кон ближниот основа за меѓурелигиски дијалог

Интердисциплинарните истражувања за книжевните и историските прашања кои се однесуваат на фарисеите ќе помогнат да се дојде до повеќе вистини за таа верска група.

За да ги љубиме оние покрај себе, треба да ги познаваме, често наоѓајќи начини за надминување на старите предрасуди – рече папата Фрањо на крајот од конференцијата насловена „Исус и фарисеите. Интердисциплинарно преиспитување“ која заврши на 9 мај во Рим, а која го истражуваше потеклото и историјата на верските групи на фарисеите многу присутни во Светото Писмо во разни моменти од Исусовиот живот и на кои се ставаат стереотипи со различни последици, вклучуајќи го антисемитизмот.

Во својот говор кој го предаде на учесниците на конференцијата, Евреи, протестанти и католици од американскиот континент, Азија и Европа, Папата потсетува на 110 годишнината од Папскиот библиски институт кој ја организира таа конференција и на неговото послание за промовирање на библиските науки. Потоа со оглед на посебната тема на конференцијата која е плод на односите на Црквите со нехристијанските религии што ја потврдува и енцикликата „Nostra Aetate“, во центар влезе прашањето кое посебно се развива помеѓу христијаните и Евреите.

Меѓу христијаните и во световното општество зборот фарисеј значи лицемер оној кој е дрзок, иако за многу Евреи, фарисеите се основачи на рабинскиот јудаизам – пишува Светиот Отец и истакнува: Затоа се занимаваме со толкување на историјата кое без темели во Евангелието негува негативни слики за фарисеите кои често им ги додаваме ние христијаните. Во нашиот свет тие негативни стереотипи за жал стануваат многу чести. Еден од најстарите и најштетните е токму оној кога поимот фарисеј се користи за Евреите да се прикажат во негативно светло.

Неодамнешните истражувања зборуваат дека денес за фарисеите знаеме малку од она што го знаеле претходните генерации – пишува папата Фрањо и истакна: Не сме веќе толку сигурни во нивното потекло, како ниту за многу нивни учења и практики. Освен тоа интердисциплинарните истражувања за книжевните и историските прашања кои се однесуваат на фарисеите ќе помогнат да се дојде до повеќе вистини за таа верска група.

Свети Павле зборувал: „по закон Евреин“, а и Исус имал многу заедно со фарисеите: расправи, верата во воскресението, толкувањето на Тората, а да не зборуваме и за средбата со еден од фарисејските поглавари Никодим кој го бранел и потоа го погребал; на него не се применува ниту еден стереотип – пишува Папата, но најголемата врска е во т.н. „златно правило“: Љуби го својот ближен како себе, кое Исус ни го предаде благодарение на прашањето на еден фарисеј и книжник. (…)

Љубовта кон ближниот е показател на сродноста на Исус и неговите соговорници Евреите – пишува папата Фрањо и додад: Тоа е важен темел за било каков дијалог посебно помеѓу Евреите и христијаните. Имено за подобро да ги љубиме своите ближни мора да ги познаваме и да знаеме често да наоѓаме начин за да ги надминуваме старите предрасуди.

Затоа конференцијата која се одржува на Папскиот универзитет Грегоријана со својот интердисциплинарен дух ќе овозможи претставување на фарисеите на соодветен начин во проучувањето и проповедањето и позитивно ќе придонесе за односите помеѓу Евреите и христијаните со оглед на сѐ подлабокиот братски дијалог – заврши Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот