Папата ја честита Пасха на еврејскта заедница во Рим

По повод еврејскиот празник Пасха, еврејска Пасха, која започнува на 14 април и се слави осум ден, Папата на Римската еврејска заедница упати „искрена честитка на мирот“. Во телеграмата до главниот рабин Рикард Ди Сегниј, Папата посака „споменот на избавување од ропството по силната Господова рака“ да вдахне „мисли на милосрдие, помирување и братска близина со сите кои трпат под товарот на новото ропство“. Папата потсети на своето скоро патување во Ерусалим, барајќи „да го придружуваат со молитва“.

Категорија: Ватикан

За авторот