Папата ја прими претседателката на Преставничкиот дом на САД

Папата ја прими претседателката на Преставничкиот дом на САД

Во саботата на 9 октомври 2021 година, папата Фрањо ја прими претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси.

Во делагацијата на чело со демократската политичарка беа нејзиниот сопруг Пол Пелоси и раководителот на работите во американската амбасада при Светиот Престол Патрик Конел. Канцеларијата за печат при Светиот Престол засега не објави детали за средбата.

Пелоси во петокот на 8 октомври се сретна со префектот на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој кардиналот Петер Турксон. На Твитер Дикастеријата објави дека разговарале за заштитата на животната средина, миграциите, човековите права и пандемијата и за здравствените системи.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот