Папата ја посети римската синагога

Папата Фрањо ги повика католиците и Евреите заедно да работат за мир.

Папата Фрањо на 17 јануари 2015 година како трет Папа ја посети римската синагога во знак на католичко – еврејското пријателство. По тој повод Папата одржа говор и ги поздрави присутните меѓу кои имаше и преживеани жртви на холокаустот. Во придружба на Светиот Отец беа кардинал Курт Кох и Валтер Каспер, актуелниот и некогашниот претседател на Папскиот совет за меѓуверски дијалог.

Сеќавајќи се на трагедијата на холокаустот и стрдањата на повеќе од две илјади Евреи кои што нацистите ги депортирале во октомври 1943 година, Папата истакна дека историјата мора да биде поука за сегашноста и иднината. Холокаустот нè учи дека секогаш има потреба за претпазливост со цел да се реагира брзо во одбрана на човечкото достоинство и мирот. Во својот поздрав Папата нагласи дека во меѓуверскиот дијалог е посебно важно како браќа и сестри да се среќаваме пред Создателот и да Го славиме, меѓусебно да се почитуваме и се цениме и да настојуваме да работиме заедно.

Посведочи дека католичко – евејските односи му се на срцето и ги истакна еврејските корени на христијанството. „Затоа мораме да се чувствуваме како браќа, поврзани со истиот Бог и со богатото духовно наследство на темелот на кој треба да ја градиме иднината,“ рече Папата. Се присети како во Буенос Аирес во повеќе наврати ја посетил синагогата и се сретнувал со тамошната еврејска заедница за еврејските празници. А исто така ги спомна и своите претходници свети Иван Павле II и Бенедикт VI кои ги посетија „постарите браќа.“

Вие сте наши постари браќа и сестри во верата, а сите припаѓаме на исто семејство, Божјото семејство кое заедно нè придружува и заштитува како свој народ. Заедно како Евреи и како католици сме повикани да преземеме одговорност за овој град, рече Папата и изрази желба духовната блискост и взаемното разбирање и почитување помеѓу овие две верски заедници сѐ повеќе да расте.

Спомна и зошто токму го избрал тој датум за посетата. Имено 17 јануари Италјанската бискупска конференција го одбележува како Ден на дијалог меѓу католиците и Евреите, а тој е овде и како Римски епископ.

Папата Фрањо се осврна и на педесет годишнината од соборскииот документ „Nostra Aetate“ која се одбележа кон крајот на 2015 година, а со која е овоможен систематски дијалог помеѓу Католичката црква и јудаизмот и која што го даде темелот на еврејско-католичкиот дијалог. Од тој аспект ја спомна и средбата со групата еврејски претставници на плоштадот Свети Петар во октомври минатата година, како и на новиот документ кој го подготви Комисијата за односи со Евреите на крајот на годината, а поврзан со теолошки прашања.

Но, Папата предупреди дека освен теолошките прашања не смеат да се заборават ниту прашањата за екологијата, а христијаните и Евреите се повикани да ја понудат својата порака за грижата на создаденото.

Понатаму нагласи дека и конфликтите, војните, насилствата и неправдите се отворени длабоки рани на човештвото кои нè поттикнуваат на залагање за правда и мир и добро на секој човек без разлика на припадноста, а посебно пак на грижа за сиромашните, болните, маргинализираните.

Да го молиме Господ да го води нашиот пат во иднината. Бог има план за спасение за нас, истакна Папата цитирајќи го пророкот Јеремија: „Оти само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж.“ (Јеремија 29, 11)

На крајот папата Фрањо заблагодари за 50 години обновена доверба, пријатлество и бзаемно разбирање. „Господ нека го води нашиот пат кон подобра иднина. Шалом алехем“, заврши Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
 
Категорија: Ватикан

За авторот