Папата ја посети римската парохија во населбата Монтеверде

Папата ја посети римската парохија во населбата Монтеверде

Папата Фрањо на 7 април ја посети парохијата „Сан Џулио” во римската населба Монтеверде. Ова е 19 официјална посета на папата Фрањо, како дел од пасторланите посети на римскиот епископ во римските парохии. Во оваа прохијата папата Фрањо го посвети новиот олтар, кој е поставен по реновирањето на црквата, која траеше три години. Оваа црква повторно се отвора за поклнение пред олтарот, во кој се поставеи моштите на свети Иван Боско, Света Маргарета Марија Алакок и света Марија Горети.

Посетата на Папата беше вистнски празник за парохијата во овој дел од Рим, кои го пречекаа Светиот Отец со песни, знамиња и радосни восклици. Пред да ја посети парохијата Светиот Отец се сретна со група болни во близина на болницата. Потоа во парохиската заедница се срета со група од Парохискиот Каритас, веронаучната група, со новите брачни парови и со свештениците

Покрај Литургијата која Светиот Отец ја служеше на новоосветениот олтар, Светиот Отец се сретна и со децата и младите и во таа прилика одговараше на прашања од младите.

„Имав толку многу сомнежи, на пример, за природни катастрофи, но и за други работи што се случија во мојот живот: Како да ги надминам? Човек не може да го надмине сомнежот сам, затоа е потребно да се има пријатели и да зборува со Исус – рече Папата, одговарајќи на прашањето за сомнежите во верата.

Пред неколку дена добив писмо од 30 годишно момче, кое се разделил од својата прјателка и пишува дека е скршен – продолжи Папата. Многу пати се чувствуваме понижени и се прашуваме што може да направиме: Побарајте го Исус, побарајте пријател – рече папата Фрањо. Сите имаме пријатели, единствениот момент во кој можете да погледнете еден човек одозгора, е кога ќе му помогнете да стане, но никогаш не гледајте го човекот од високо.

Папата зборуваше и за милосрдието, одговарајќи на прашање од една девојка, која сакаше да знае дали некогаш Папата лично давал храна на сиромашните. Светиот Отец одговори: Да сум давал, затоа што тоа секој христијанин треба да го прави, да ги храни сиромашните. Сите сме ја поминале онаа состојба на бедност, кога нашите мајки нѐ хранеле и се грижеле за нас.“

По разговорот со децата и младите, Грета и Марија Кијара, заедно со уште двајца мали парохијани, му предадоа на Светиот Отец неколку цртежи од децата од основното училиште Пјаца Форлани, кои се приклучија на хуманитарниот проект за најсиромашните лица. Посетата заврши со апостолски благослов за присутните.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот